Голманот Рајан Сандфорд настапува во шестата фудбалска дивизија на Англија. Тој е член на тимот на Вејмаут, а на својот прв меч против Бат Сити имаше свои моменти. Во осум секунди одбрани четири „зицери“. Прво пенал, а во продолжение на акцијата уште три одбиени топки.
На крајот Вејмаут изгуби со 1:2 со два гола кои ги прими во првите 10 минути. Сепак, овие одбрани ќе останат запаметени.