Само неколку дена по завршување на Европското првенство, кошарката одново е во центарот на вниманието. Од среда стартуваат чеетирите квалификациски турнири од ФИБА лигата на шампионите, а домаќин на еден од нив е ТФТ, актуелниот освојувач на Купот на Македонија.
Тимот од Тафталиџе ќе се обиде да дојде до најголемиот европски успех во кратката историја на постоењето – место во групната фаза на најквалитетното натпреварување кое го организира Светската кошаркарска организација.
Од среда до недела, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ шест екипи ќе се борат за едно од четирите места кои водат во регуларниот дел на ФИБА Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023.
Покрај организаторот на квалификацискиот турнир, во Скопје ќе играат уште и екипите на Кемницер Најнерс од Германија, противникот на нашата екипа во полуфиналето, Лестер Рајдерс (Велика Британија)
Освен во нашиот главен град, од 21. до 25. септември ќе се играат уште три, во Белград, Малага и Лисабон.
Согласно со системот за натпреварување, победниците на четирите турнири ќе обезбедат пласман во една од шесте групи од регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.
Картите за сите натпревари се веќе пуштени во продажба и може да се купат онлајн на karti.com.mk (https://www.karti.com.mk/fiba-basketball-champions-league.nspx) и mktickets.mk (https://mktickets.mk/event/fiba-basketball-champions-league/).
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ- 21.СЕПТЕМВРИ (СРЕДА)
18.00: Лестер Рајдерс – ЦСО Волунтари (А)
21.00: ТФТ – Кемницер Најнерс (Б)
ПОЛУФИНАЛЕ – 23.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК)
18.00: Тофаш – Победник А (1)
21.00: Олимпик Фрајбург – Победник Б (2)
ФИНАЛЕ – 25. СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА)
20.00: Победник А – Победник Б
*Сите натпревари се играат во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје