Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА организираше женски судиски семинар (теорија од правила на фудбалската игра).
Семинарот беше одржан во Хотел Хилтон. Предавач и инструктор на семинарот беше членот на судискиот одбор на Уефа, а воедно и одговорна за женските судии во Европа, Дагмар Дамкова од Чешка.
Женските македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои се користат и се применуваат на меѓународните натпреварувања под капата на Уефа.
Фудбалската федерација на Македонија за првпат организираше семинар за нашите женски судии.