Ја загуби најважната битка: Поранешен фудбалер на Базел почина на 35 години!

372

По тешка битка со ракот на белите дробови, на 35-годишна возраст почина Николас Шинделхолц, поранешен фудбалер на швајцарските клубови Базел, Тун, Луцерн и Арау.

Беше дете на Базел каде ги помина сите младински категории, а ја носеше и капитенската лента во тимот до 21 година.

„ФКБ жали за загубата на Николас Шинделхолц. Нашиот поранешен капитен до 21 година почина од рак на само 34 години. Целиот ФКБ е шокиран од оваа вест и изразува искрено сочувство до семејството.Почивај во мир Нико“, напишаа од швајцарскиот вицешампион.

Шинделхолц играше на позицијата стопер и десен бек, а најголема трага остави во Тун, каде за осум години одигра 136 натпревари со четири гола и четири асистенции.

ПретходноСловенците пиеле до пет часот наутро пред мечот со Полска!
СледноПерфектно лето за Шпанија, не пропушти ниту едно финале!