Напаѓачот на Селта Виго, Јаго Аспас признава дека му е криво поради тоа што не е повикан во репрезентацијата на Шпанија за претстојните натпревари со Швајцарија и Португалија во Лигата на нациите. Селекторот Луис Енрика за напаѓачки опции се одлучи за Мората, Феран Торес, Асенсио, Сарабија, Жереми Пино, како и дебитантите Борха Инглесиас од Бетис и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.
Аспас веќе неколку сезони е најдобар стрелец на Селта и најдобар шпански голмајстор во Ла Лига. Минатата сезона играше одлично, реализираше 18 гола, а оваа сезона на шест меча даде пет гола.
„Криво ми е што не сум во националниот тим. Добро играм на почетокот на сезоната. Меѓутоа јас сум упорен и ќе се борам за да се вратам во тимот на Шпанија. Ќе дадам се од себе. Ќе направам се што е потребно. Играв добро во финишот на минатата сезона, а и тогаш не ме викнаа. Навистина ми е криво“, изјави 35-годишниот фудбалер.
Последен пат Аспас играше за Шпанија во 2019 година. Инаку има вкупно 18 натпревари и шест гола во дресот на „фуријата“.