Бојан Миовски: Во Тбилиси не очекува пеколен натпревар, но ние одиме на победа!

166

Нашите најдобри фудбалери продолжуваат со подготовките за двата меча во Лигата на Нации. Познато е дека во петок играме со Грузија на гости, додека во понеделник ја дочекуваме Бугарија.

Јасно е дека сега во преден план е мечот во Тбилиси.

За тоа што може да се очекува свој коментар има Бојан Миовски, кој блеска во дресот на Абердин на стартот од оваа сезона.
„Грузија во фудбалот во последните години напредува и тоа како. Ние тоа го знаеме. Тоа Грузија го покажа во второто полувреме во Скопје. Сепак јас мислам дека ако во првото полувреме постигневме гол, тогаш тоа ќе беше сосема друг натпревар. Јасно е дека ни недостигаат неколку клучни фудбалери, но сите што сме овде ќе го дадеме својот максимум. Знаеме дека не чека пеколен меч во Тбилиси, но нам во мислите ние само победа“ вели Миовски.

И нему му е јасно дека од него се очекуваат голови:

Фудбалот се игра за голови. На овие два тренинга селекторот ни укажува како треба да напаѓаме, кои се слабите страни на Грузија. Еве се воигруваме и сметам дека тоа на терен во Тбилиси ќе го покажеме тоа на терен што сме го работеле. Додека имаме теоретски шанси за тоа прво место ние ќе дадеме се од себе. Грузија е во подобра позиција, таа и со бод ќе може да го задржи тоа прво место. Знаеме дека ќе биде тешко, но веруваме дека можеме да победиме“ заврши нашиот напаѓач.

ПретходноОфицијално: Давид Бабунски е нов член на Мезоковесд!
СледноЈани Атанасов: Се надеваме на три бода од Тбилиси!