Ембид доби француски пасош, ќе игра за „триколорите“ на СП 2023?

292

Менаџерот на француската кошаркарска репрезентација Борис Диао изјави дека тој и неговите колеги во Француската кошаркарска федерација ќе направат се што е во нивна моќ, Жоел Ембид да заигра за „триколорите“ уште на Светското првенство во 2023 година.

Ембид (28) потекнува од Камерун, но тој никогаш не играше за репрезентацијата на својата земја. Пред неколку недели центарот на Филаделфија се здоби со француски пасош, но во моментов нема дозвола од Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) за негов настап за репрезентацијата на Франција.

„Тој сè уште нема лиценца од ФИБА. Но, ќе биде убаво ако ја добие и може да игра за Франција. Знаеме дека тој веќе има француски пасош, па зошто да не, нашата цел е да имаме што повеќе добри играчи што е можно повеќе, за да состават добар тим“, изјави Диао.

ПретходноСтрумица Н. немоќна со половичен состав: Апелдорн со максимален триумф доаѓа во Скопје
СледноСудиска анализа: Само две судиски грешки изминатиот викенд во ПМФЛ и ВМФЛ!