Комити навиваа за Шалке против Дортмунд

270

Добро е позната соработката на навивачката група на Вардар, популарните Комити, со онаа на тимот на Шалке 04 популарните „UGE“. Таа трае долги години и потекнува секако од фактот што Скопје и Гелзенкирхен се збратимени градови.
Во оваа насока беше и гостувањето на дел од навивачката група Комити на дербито од Бундес лигата, Борусија Дортмунд – Шалке 04 на кое секако навиваа со своите тифо браќа на истата трибина.

За спомен направени и неколку фотографии, кои само ќе го зацврстат ова здраво пријателство помеѓу вистинските фудбалски фанатици кои ги спојува љубовта кон својот клуб но и верноста кон традицијата и оставштината од минатото.

ПретходноОле Солбакен од јануари во Рома
СледноСловакот што ни судеше на Исланд, ќе ја дели правдата во Тбилиси!