РК Еурофарм Пелистер и ракометарот Ненад Костески ја продолжија соработката до јуни 2025 година. Тој пред три години од ППД Загреб пристигна во Битола и добро се вклопи во екипата од Битола.
„Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола. Наскоро ќе ја дознаеме групата во Европската лига, сите ја очекуваме. Ќе биде тешко, но ние имаме тим и капацитет, па се надевам дека ќе ја минеме групната фаза и ќе продолжиме понатаму“, изјави Костевски.