Левандовски: Во Бундес лигата има многу атлетика, во Ла Лига се игра фудбал

166

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски се пресели во Баерн во Барселона ова лето и веќе на стартот на сезоната во Ла Лига се изнадава голови. Бргу се адаптира на стилот на Барса, а лесно тресе мрежи. Тој играше и за Борусија Дортмунд пред да отиде во Баерн, а направи споредба помеѓу фудбалот во Шпанија и во Германија.
Дефинитивно има повеќе атлетика (трчање) во Бундес лигата. А во Шпанија има многу тимови кои се обидуваат и сакаат да играат фудбал. Тоа е мое гледиште на работите. Веќе играв против тимови кои сакаат да играат одбрана. Така беше на последниот меч против Елче (победа со 3:0). Дадов два гола, но не беше лесно затоа што противникот комплетно се бранеше и вешто се движеше низ теренот.
Навистина не размислувам за разликата во стиловите бидејќи имам одиграно толку многу натпревари во кариерата против различни тимови од различни земји, така што немам големи проблеми да се адаптирам на одредени услови на теренот. Главната работа е брзо да се најде вистинското решение “, рече напаѓачот на Барселона.

ПретходноСе враќа во италијанската репрезентација после пет години
СледноТодоровски: Целта ни e освојување на турнирот во Хрватска