Досегашниот игра на тимот на Бодо Глимт, 24. годишниот интернационалец на Норвешка, Оле Солбакен од јануари ќе стане играч на Рома. Жозе Мурињо се одлучи за напаѓачот кој беше дел од дебаклот токму на „Волчицата“ кога лани Бодо ја совлада со 6:2. Солбакен тогаш постигна два гола и влезе во бележниците на многу европски гиганти.
Мурињо очигледно дека е импресиониран од него па затоа уште од сега реши да го ангажира за во јануари. Тогаш Солбакен станува слободен играч и ќе може без никакви бариери да се пресели во Рим.
Потпишува договор до 2027 година, а ќе заработува милион евра годишно.