Го промени клубот, но остана во Унгарија. Прволигашот Мезоковесд е клубот за кој нашиот репрезентативец Давид Бабунски ќе настапува во следниот период. Да потсетиме дека до пред некоја недела, Бабунски играше за Дебрецин.
Унгарците се пофалија, преку своите социјални мрежи дека имаат ново име, дека добиваат квалитетен фудбале во средниот ред и дека од Бабунски се очекува да ја оправда довербата.
Во Мезоковесд пред три месеци дојде и Ремзифаик Селмани, поранешниот фудбалер на Ренова, Шкендија и младински репрезентативец на Македонија.