Поранешниот член на Вардар и Пелистер успешно опериран!

186

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ беше успешно опериран во Лајпциг и го чекаат неколку месеци закрепнување, информираа од германскиот клуб, чии бои ги брани од минатото лето.

28-годишниот загрепчанец се здобил со повреда на левото колено за која била потребна хируршка интервенција, извршена на Универзитетската клиника во Лајпциг. Ова не е единствениот кадровски проблем за бундеслигашот, бидејќи на последниот натпревар се повреди уште еден важен играч Оскар Санефелт.

Најблаго кажано, за Лајпциг стартот на сезоната не е „розев“, бидејќи ги загуби сите четири натпревари досега во најсилното национално првенство.

Да потсетиме, Јотиќ во Германија пристигна минатото лето од Вардар, претходно го носеше дресот на Пелистер, а има играно за Умаг, Замет, Дубравал ППД Загреб (двапати), Алборг.

ПретходноПерфектно лето за Шпанија, не пропушти ниту едно финале!
СледноЕлези го продолжи договорот со Вараждин до 2024 година!