Проблем за Вардар 1961 во продолжение на сезоната!

1101

Вардар 1961 заедно со Алкалоид се единствените два тима без пораз во првите три кола во Супер-лигата. Актуелниот македонски првак иако оваа сезона има поинаков состав за разлика од претходните, но нема намера да го предаде тронот лесно.

Странските засилувања веќе не се во голем број, а едно од нив веќе е надвор од терените. Станува збор за Дарко Ѓукиќ, кој се повреди на мечот со Прилеп. При незгоден доскок го повреди коленото, а според првичните прогнози најверојатно станува за посериозна повреда.

Доколку се предните вкрстени лигаменти, го чека долга пауза, а Вардар ќе мора да бара решение, бидејќи на позицијата десно крило го има само македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски.

ПретходноДен пред европскиот предизвик, ТФТ сонува за историја и полна сала!
СледноСтрумица Н. во меч за историја: Десеткувани дебитираат во ЛШ против холандскиот првак