Се враќа во италијанската репрезентација после пет години

247

Селекторот на Италија Роберто Манчини го повика Маноло Габијадини да го замени повредениот Матео Политано во репрезентацијата. Со тоа Габијадини се враќа во националниот тим после ноември 2017 година.
Италија е лимитирана во нападот поради отсуство на Инсиње, Киеза, Берарди, Пелегрини и Политано, па затоа Манчини го повика фудбалерот на Сампдорија како и талентираниот играч на Интер Себастијано Еспосито.
Инаку 30-годишниот Габијадини не е дел од италијанската репрезентација од ноември 2017 година кога Џанпјеро Гасперини го стави во првиот тим во катастрофалниот плеј-оф за СП против Шведска на „Сан Сиро“.
По пет години, поранешниот напаѓач на Саутемптон го облекува дресот на „Аѕурите“, со надеж дека ќе добие минутажа на мечевите со Англија и Унгарија во Лигата на нациите.
Инаку од дебито во 2012 година, Габијадини одигра 11 натпревари со голови против Романија и Лихтенштајн.

ПретходноДе Лихт: За разлика од Јувентус, Баерн сака да ја освои ЛШ
СледноЛевандовски: Во Бундес лигата има многу атлетика, во Ла Лига се игра фудбал