Словакот што ни судеше на Исланд, ќе ја дели правдата во Тбилиси!

103

Иван Кружлиак од Словачка е делегиран за главен судија на мечот во Тбилиси во петок на кој и гостуваме на селекцијата на Грузија во Лигата на Нации. Колку за потсетување, тој исти судија ни судеше на мечот на Исланд во квалификациите за СП кој се одигра минатиот септември и меч кој заврши со резултат 2:2 иако водевме со 0:2.

Кружлиак има 38 години и важи за еден од најдобрите судии во својата земја. Пред шест дена го судеше натпреварот на “Стемфорд Бриџ“ меѓу Челзи и Салцбург во Лигата на Шампионите кој заврши 1:1.

Да потсетиме дека мечот Грузија – Македонија се игра во петоок на “Динамо Арената“ во Тбилиси со почеток од 18 часот по македонско време.

ПретходноКомити навиваа за Шалке против Дортмунд
СледноОфицијално: На 20 ноември против Азербејџан во Скопје