Словенците беа меѓу првите фаворити за освојување на трофејот, но мораа да го напуштат натпреварувањето порано од планираното, беа елиминирани од Полска во четвртфиналето.
Порталот „bhbasket.ba“ пренесува дека словенечката кошаркарска репрезентација се забавувала пред овој дуел, играчите пиеле до пет часот наутро, направиле забава за паметење, а потоа дебакл што нема наскоро да го заборават. Овој портал се повикува на свои извори во Берлин.
„Мамурни од пиење и јадење. „Змајчеките“ излегоа на терен да се соочат со мотивираната Полска. Минаа како да одеа боси по трње. Своите слабости ги истурија вез судиите, по мечот Лука Дончиќ, лидерот на тимот, се посипа со пепел. Очигледно тоа не го направи без причина, бидејќи тој многу добро знаеше што направија само 15 часа пред еден многу важен натпревар. Словенците вешто го криеја пијанството, го турнаа под тепих. Барем сега знаат за што се работи“, се вели во текстот на овој портал.
Словенците на дуелот со Полска одиграа очајно во првото полувреме, беа во минус од 20 поени. И покрај ова се вратија во третата четвртина, влегоа во егал, но сепак беа поразени со 90-87.