Струмица Н. немоќна со половичен состав: Апелдорн со максимален триумф доаѓа во Скопје

174

Ослабениот состав на Струмица Никоб без руските интернационалци Злобин, Лободин и Михаилов, не успеа да го избегне максималниот пораз на првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите на гостувањето кај Динамо Апелдорн во Холандија.

Силниот домашен тим кој е голем фаворит во пресметката обезбеди максимални 3:0 (25:20, 25:13, 25:16) на првиот дуел и со убедлива победа доаѓа не реваншот во Скопје за седум дена. Нашиот шампион одигра солиден прв сет во кој успеваше да се одржи близу до предноста на домашните, но во завршните поени Динамо успеа да дојде до солидни плус пет за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет Струмица Никоб потфрли. Одигра слабо на приемот, имаше премногу грешни проценки на противничкиот сервис, што резултираше со убедливо освојување на сетот од страна на Холанѓаните.

Малку повеќе неизвесност видовме во третиот сет кога до средината Струмица беше во ситуација да се бори и за подобра разлика, но во завршницата домашните повторно доминираа и со 25:16 го завршија и сетот и мечот со убедлив триумф.

Канаѓанецот со македонско потекло, Деан Глобоцки со 6 поени беше најдобар реализатор кај Струмица Никоб, додека кај Динамо Апелдорн Бекхуд имаше 14 реализации.

ЦЕВ ЛИГА НА ШАМПИОНИ (М)

1 КОЛО (ПРВ МЕЧ)

ДИНАМО АПЕЛДОРН: Берхут 4, С. Тијхус 7, Н. Тијхус (л), Меис 1, Бак 5, Хофман 6, Мартинез 3, Бекхуд 14, Босма, Ван Котен 4, Лане 2, Крок 3, Липке (л), Брилхус 12

СТРУМИЦА НИКОБ: Е. Ричлиев, Михаилов, Ј. Милев, К. Ричлиев (л), Арапов, Наков 4, Жараба Берио 5, Деспотовски 3, Грковски, В. Милев 5, Глобоцки 6, Илиев 4.

ПретходноАспас: Криво ми е што не ме викаат во репрезентацијата
СледноЕмбид доби француски пасош, ќе игра за „триколорите“ на СП 2023?