Јани Атанасов: Се надеваме на три бода од Тбилиси!

114

Во петок во Тбилиси, со почеток од 18 часот по македонско време, нашата А-репрезентација во меч од Лигата на Нации, ќе и гостува на селекцијата на Грузија. Селекција која во Скопје пред неколку месеци ги искажа сите свои квалитети.

Јани Атанасов, фудбалерот на Хајдук, во пресрет на гостувањето во Тбилиси изјави:

Факт е дека сме некомплетни, дека ни недостигаат неколкумина, но затоа тие што сме тука ќе дадеме се од себе и се надеваме на три бода од ова гостување. Останува селекторот да ни ги даде задачите, се останато е на нас. На првиот меч во Скопје не бевме толку агресивни, но во петок во Тбилиси ќе биде поинаку. Гладни сме за успеси, за докажување, посебно кога станува збор за репрезентацијата на Македонија“ заклучи Атанасов.

ПретходноБојан Миовски: Во Тбилиси не очекува пеколен натпревар, но ние одиме на победа!
СледноХендерсон на местото на Филипс во репрезентацијата на Англија