Јунајтед веќе одбра кого ќе носи во јануари

252

Се работи за во моментов напаѓачот број еден на тимот на Бенфика, Гонзало Рамос, за кого од Олд Трафорд се подготвени да платат 25 милиони фунти.

Португалецот кој има само 21. година во моментов игра во фантастчна форма и на стартот на сезонава постигна осум гола на 12 мечеви. Иако во актуелниот договор на Рамос со Бенфика наводно пишува дека откупната клаузула е 100 милиони евра сепак, тоа во моментов не е можно. Затоа, Бенфика веројатно ќе се согласи на многу помалку со назнака дека би имала процент и од следниот трансфер.

На Јунајтед реално му е потребен нов напаѓач затоа што оние кои во моментов ги поседува не ја вршат работата како што треба.

ПретходноОфицијално: На 20 ноември против Азербејџан во Скопје
СледноШокантно: Ако Јуве го откачи Алегри тогаш ќе мора да му плати 36 милиони евра!