Клоп по секоја цена го сака Валверде на „Енфилд“!

269

По блескавите настапи во дресот на Реал Мадрид на почетокот од оваа сезона, но и по оние од минатата, Федерико Валверде е трансферна цел на речиси сите големи клубови. Но тој е член е на најголемиот, па затоа и сите останати си имаат проблеми како да го привлечат во своите редови. Еден од тие е Ливерпул, односно стратегот Јирген Клоп кој по секоја цена го сака Уругваецот на “Енфилд“ и не прашува за цена. Пред неколку денови “кралевите“ одбија понуда од 100 милиони евра за Валверде, но Клоп не се предава, сакада се обиде барем уште еднаш и тоа со поголема понуда. Нема што, Валверде е прв трансферен пик на Ливерпул во зимскиот преоден рок.

Само прашање е дали Реал Мадрид ќе се откаже од еден од најдобрите свои фудбалери во моментов.

ПретходноРидигер: Отворам врата, и пред мене Карло Анчелоти… влезе, зборувавме, ручавме…
СледноАспас: Криво ми е што не ме викаат во репрезентацијата