Кавај Ленард, еден од најдобрите играчи во НБА, изгледа како да е подготвен да се врати на паркетот откако ја пропушти целата мината сезона и се опоравуваше од операцијата на коленото. Неговиот тим од Лос Анџелес Клиперс објави фотографија од Ленард на која се гледа како ги зацврстува нозете за да спречи нова повреда.
Неговата фотографија која е споделена на социјалните мрежи, наиде на низа коментари, еден од нив е дека претерал со зајакнување на нозете.
Ленард двапати ја освои шампионската титула во НБА, еднаш со Сан Антонио Спарс и еднаш со Торонто Репторс. Двата пати беше прогласен за МВП на финалето. Беше петкратен Ол-стар и двапати најдобар одбранбен играч во лигата. Ленард е познат по својот секогаш сериозен израз и по тоа што ретко покажува емоции.
Претходната сезона имаше просек од 24,8 поени, 6,5 скока, 5,2 асистенции и 1,6 украдени топки и беше избран во првата петорка на лигата.
Kawhi has bulked up QUITE a bit to prevent further injuries to his legs 🤯 pic.twitter.com/35IikxkCJw
— Dom2K (That Dom Guy) (@Dom_2k) September 19, 2022