Предмалку од ФФМ и официјално потврди дека македонската репрезетација на 20 ноември ќе одигра пријателски меч против соодветната селекција на Азербејџан. Најавениот дуел сега добива и официјализација, а она што е потребно да се каже е дека на тој дуел, селекторот Благоја Милевски планира да користи база на играчи главно од домашниот шампионат, или пак да им даде шанса на оние кои во грото од случаите се резерви во националниот тим.
Три дена претходно, ќе одиграме пријателски дуел против Финска. Нашата најдобра селекција со истите противници се соочи на контролни натпревари во турски Белек, во март 2018 година. Против Азербејџан одигравме 1:1, без голови заврши мечот против Финска.
Дуелот со Азебрејџан се игра на Арената Тодор Проески.