Покетино сепак останува во Франција, ќе води тим кој е на 13-ти на табелата!

239

Аргентинскиот стручњак на крајот на минатата сезона доби отказ на клупата на ПСЖ. Маруцио Покетино не ја исполни главната цел на раководството на францускиот првак, а тоа е титулата во Лигата на шампиони.

Иако имаше понуди од европски гиганти, во еден момент се чинеше дека ќе го гледаме во Премиер-лигата, сепак според француските медиуми тој ќе остане во Франција.

Ница е новиот тим кој најверојатно ќе го предводи Покетино. Веќе е во преговори со првите луѓе на клубот, кои не се задоволни од стартот на сезоната. Овој тим е на 13 место на табелата со осум бода и само две победи.

Покетино имаше желба да води клуб кој се натпреварува на повисоко ниво, но откако не се реализираше ниту една најава, одлучил да преговара со Ница, денеска треба да има состанок, на кој ќе ги договори сите детали.

ПретходноЕлези го продолжи договорот со Вараждин до 2024 година!
СледноКако Мајк Тајсон заврши во инвалидска количка?