Тен Хаг бара пари за зимски засилувања, газдите на Манчестер Ј. не сакаат да слушнат

381

Ставовите на менаџерот Ерик тен Хаг и раководството на Манчестер Јунајтед зимскиот трансфер период по се изгледа е дијаметрајно спротивставени.

Според магазинот „Атлетик“, предводникот на Манчестер Јунајтед ја користи паузата за меѓународни натпревари за да го процени нивото на составот и да планира можни трансфери во јануари.

Тен Хег сака обновата на Манчестер Јунајтед да продолжи и во текот на зимскиот преоден рок. Сепак, клубот не е на мислење дека е подготвен да се расфрла со пари. Манчестер Јунајтед потроши повеќе од 200 милиони фунти ова лето, речиси двојно повеќе од сумата што клубот ја планираше на почетокот на преодниот рок. Затоа очекувано буџетот на клубот во зима ќе биде скоро празен.

Сопственикот на Манчестер Јунајтед, Џоел Глејзер, директорот на клубот Ричард Арнолд и спортскиот директор Џон Муртог се фокусирани на развој на план за следниот летен преоден рок.

ПретходноФИА го одобри Ф1 календарот за 2023 година: Рекордни 24 трки!
СледноДоверливи документи кои ги прават солзите на Меси безвредни: Од Барса го барал невозможното