УЕФА со нов, жесток удар кон Русија!

449

Русија нема да се најде на ждрепката за квалификаците за ЕП 2024 во Германија. Имено ждрепката е закажана за 9 октомври во Франкфурт, по кој ќе се знаат квалификациските групи за ЕВРО 2024 кое ќе се одржи во Германија, и во барабаните ќе ја нема селекцијата на Русија.

Оваа вест ја сподели првиот човек на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко, а се очекува официјализирање и од страна на првите луѓе на УЕФА.

Познато е дека по агресијата врз Украина, УЕФА и ФИФА, а сите спортски асоцијации, ја суспендираа Русија од сите можни натпреварувања. Поради агресијата Русија нема да учествува на СП во Катар 2022, нејзините клубови не настапуваат во европските натпреварувања, а ако не биде на

ждрепката на 9 октомври во Франкфурт, тогаш тоа значи дека нема да игра и на ЕВРО 2024.

ПретходноШокантно: Ако Јуве го откачи Алегри тогаш ќе мора да му плати 36 милиони евра!
СледноРеакција на ФК Гостивар: Нашите фанови не се хулигани, провокаторите се виновни за инцидентот!