Армел Бела-Кочап во германската репрезентација: Изненаден сум, но и среќен!

196

За престојните натпревари против Унгарија и Англија во Лигата на нациите, селекторот Ханси Флик направи некои промени во селекцијата. Единствен дебитант е 20-годишниот централен бек Армел Бела-Кочап.
Тотално непознато име за нас, но добро го знаат во Саутемптон каде што настапува. Кочап летоска направи трансфер од редовите на Бохум во Саутемптон и одигра шест натпревари во Премиер лигата. Импресионираше, па Ханси Флик го забележа и го повика во националниот тим.

Кој е Армел Бела-Кочап кој има шанси да се претстави на меѓународната сцена?
Изненаден сум, но исто така многу среќен“, изјави Бела-Кочап додавајќи не ни знаел дека е повикан во националниот тим, туку му кажале од клубот.

Роден е во Париз, меѓутоа уште како дете се преселил во Германија. Почнал да игра фудбал во Рот Вајс Ален, клубот во кој кариерата ја почна Марко Ројс. Младиот централен бек ги помина младинските категории на споменатиот клуб како и на Борусија Менхенгладбах и на Дуисбург пред да потпише профи-договор со Бохум летото 2017 година и тоа на 15-годишна возраст.

Во четири сезони во Бохум одигра 66 лигашки натпревари (74 вкупно) со тоа што реализирал и еден гол. Играл за селекциите на Германија до 18, 20 и 21 година.
Висок е 1,90 метри, физички е јак и подвижен бек, може да игра и како играч за врска и подеднакво е добар со двете нозе.

Инаку неговиот татко е Сирил Флоран Бела кој бил напаѓач, играл во Падерборн, Ален и уште неколку германски нисколигаши. Тој играч за Камерун заедно со Ето и Мбома во период меѓу 1995 и 2003 година.

ПретходноЕртел потпиша за Зенит и самиот се исфрли од француската репрезентација
СледноАнглија ги претстави дресовите за СП 2022