Нова тешка задача за Митревски и Порто, скандинавско дерби за Начевски и Николов!

118

Денеска продолжуваат натпреварите од Лигата на шампиони, се игра дел од второто коло. Единствениот македонски претставник, Никола Митревски и неговиот Порто се домаќини на Веспрем. Португалскиот тим не ја почна сезоната, на гостувањето кај Висла беше поразен со 27-24 во меч од групата А. На другата страна пак унгарскиот состав пред своите фанови го доби дербито со ПСЖ.

Митревски и Порто се аутсајдери на оваа средба, до сега немаат триумф против Веспрем, последниот меч заврши реми, додека останатите ги доби противникот. Но, Лигата на шампиони секогаш носи изненадувања, а португалскиот тим ќе има поддршка од своите фанови.

Кога сме кај македонските претставници, денеска во центарот на теренот ќе биде нашата најдобра судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои ќе го судат скандинавското дерби во Норвешка меѓу Елверум и Алборг.

ДВОЈКИ 2. КОЛО

18:45 Целје – Кил

18:45 Елверум – Алборг

20:45 Порто – Веспрем

20:45 ПСЖ – Висла Плоцк

ПретходноТФТ ја „напаѓа“ Европа, прв на патот кон нова историја е тимот на Ѓорѓи Кочов!
СледноЦветан Кузмановски во Е. Пелистер до 2025!