Порто за кого настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски го запиша вториот пораз во Лигата на шампиони. На првиот меч од новатата сезона, португалскиот тим беше совладан од Веспрем со 28-35.
Унгарскиот тим ја потврди на дело улогата на фаворит, во првото полувреме водеше со 12-16, додека во вториот дел имаше двоцифрена позитива 25-35, по која без проблем го завршија мечот во своја корист.
Митревски мечот го заврши со осум одбрани. Петар Ненадиќ со осум гола беше прв стрелец кај победникот.
ПСЖ без проблем дојде до вториот триумф, на домашен терен ја совлада Висла Плоц со 37-33. амил Шипжак со девет гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените со еден помалку заврши Косоротов.