Одбојкарките на Работнички тргнаа со пораз на Балканскиот Куп

113

Женскиот одбојкарски шампион на Македонија, Работнички, со пораз ги почна настапите на турнирот од Балканскиот Куп кој се одржува во Бања Лука. Станува збор за натпреварување под капата на Балканската одбојкарска асоцијација од кое победникот ќе има право на настап во 1 коло од ЦЕВ Челинџер Купот.

Работнички денеска во премиерното коло се сретна со силниот турски состав ПТТ Спорт од Анкара и загуби со максимални 3:0 (25:19, 25:10, 25:11). Освен во првиот сет во кој нашите одбојкари одиграа солидно, во вториот и третиот беа тотално немоќни пред силниот ривал.

Во рамките на 2. коло од турнирот во Бања Лука, Работнички утре се среќава со екипата на белградски Партизан.

ПретходноЦелје подготви сензација: Кил поразен во Словенија
СледноФудбалерите стигнаа во Тбилиси: Се прави стратегија за дуелот в петок