Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ стартува еден од четирите квалификациски турнири од ФИБА лигата на шампионите. Домаќин е актуелниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ.
Иако тимот од Тафталиџе нема долг стаж на постоење, сепак низ годините покажа дека има поголеми амбиции од многумина македонски клубови. Со голем интузијазам почна да го гради проектот, а веќе стигна до европските предизвици, и тоа вторпат.
И не само што ќе учествува на квалификацискиот турнир, туку и се пријави за организатор на истиот. Во Скопје ќе играат уште и екипите на Кемниц Најнерс од Германија, противникот на нашата екипа во полуфиналето, Лестер Рајдерс (Велика Британија), ЦСО Волунтари (Романија), Тофаш (Турција), Олимпик Фрибург (Швајцарија).
Новата историска страница, ТФТ ќе почне да ја пишува вечерва (21 часот) против Кемниц Најнерс, каде дел од стручниот штаб е македонскиот стратег, Ѓорѓи Кочов. Во втората четвртфинална двојка ќе се сретнат Лестер Рајдерс – ЦСО Волунтари (А), меч кој се игра во 18 часот.
Согласно со системот за натпреварување, победниците на четирите турнири ќе обезбедат пласман во една од шесте групи од регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.