У21: Младата репрезентација пристигна во Хрватска

205

Репрезентацијата на Македонија до 21 година сабајлево пристигна во Свети Мартин на Мура, Хрватска, каде што ќе биде учесник на силниот контролен турнир што го организира Хрватската фудбалска федерација.

Нашите млади фудбалери денеска го одработија и првиот тренинг по пристигнувањето.

Голманот на младата репрезентација на Македонија до 21 година и член на Воска Спорт, Иван Николоски ги сподели своите очекувања пред првиот дуел против селекцијата на Албанија.

Навистина големо е задоволството да се биде учесник на еден ваков силен меѓународен турнир, без разлика на тоа што е контролен. Се трудиме максимално на секој тренинг, работиме напорно и посветено. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, сакаме да продолжиме да остваруваме позитивни резултати. Не очекуваат два тешки натпревари против незгодни селекции како Албанија и Саудиска Арабија. Добро стартувавме, со две победи над одличната селекција на БиХ. Посакуваме победа и освојување на турнирот во Хрватска, за уште поголемо зголемување на самодовербата. Поседуваме квалитет и потенцијал за да успееме да избориме пласман на Европско првенство, што претставува наша главна цел. Ќе бидеме максимално подготвени за квалификациите што претстојат во месец март. Функционираме одлично сите во тимот,се познаваме многу добро, со оглед на тоа повеќето од нас бевме дел од репрезентацијата до 18 и до 19 години, што само по себе претставува наша голема предност.“

Покрај нашата селекција, учество на контролниот турнир ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.

Првиот натпревар го играме против Албанија на 23. септември. Три дена подооцна силите ќе ги одмериме со селекцијата на Саудиска Арабија.

ПретходноФудбалерите стигнаа во Тбилиси: Се прави стратегија за дуелот в петок
СледноАнгличаните нема да играат под рефлектори за да заштедат на сметките за електрична енергија?