Ѓоковиќ дојде да го испрати Федерер во пензија: Оваа шанса еднаш се пружа (ФОТО)

232

Новак Ѓоковиќ пристигна во Лондон, подготвен е да игра на својот прв турнир по освојувањето на Вимблдон на истото место. Српскиот тенисер ќе биде дел од сепктаклот на „Лејвер Купот“ од 23 до 25 септември, рамо до рамо со Рафаел Надал, Енди Мареј и Роџер Федерер, кој неодамна најави дека токму на овој турнир ќе стави крај на својата богата кариера.

„Ова е последно натпреварување на Роџер во неговата кариера, што е особено возбудливо. Играњето со Федерер, Рафа и Енди, моите три најголеми ривали во тимот, е шанса која се случува еднаш во животот“, изјави Ѓоковиќ по слетувањето во Лондон.

По пристигнувањето во „О2 Арнеата“ се сретна со Федерер, средбата беше емотивна, најголемите ривали на „Лејвер Купот“ ќе бидат едно.

ПретходноПо цена од 50 и 100 денари: Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Алкалоид!
СледноЛевандовски со овој потег ќе стане херој кај Украинците!