Времето на започнување на некои натпревари во Англија може да биде предмет на промена поради поскапувањето на електричната енергија.
Според „Индипендент“, натпреварите во пониските англиски дивизии и ФА Купот по се изгледа ќе почнат да се одигруваат попладне поради повисоките цени на струјата.
63% од 40-те клубови анкетирани од Fair Game, во кои беа вклучени 12 екипи од англиската фудбалска лига (EFL), рекоа дека се подготвени да размислат за преместување на натпреварите во дневни часови за да ги намалат сметките за енергија.
Владата на Велика Британија ќе ги поддржи претприемачите кои ќе бидат повредени од поскапувањето на струјата, но се уште не е познато дали мерките за поддршка ќе се прошират и на фудбалските клубови.