Јулијан Нагелсман, тренерот на Баерн Минхен, сезонава е се почесто критикуван поради слабите резултати на најголемиот германски клуб.
Недостигот на победа во четири последователни натпревари во Бундес-лигата ја крена на нозе јавноста, но и челниците на Баерн кои вината ја бараат во Јулијан Нагелсман.
Се зборуваше дека не е во најдобри односи со играчите, а сега германските медиуми, односно клупските менаџери го обвинуваат неговиот стил на облекување. Нагелсман сака помодерни комбинации, за разлика од многу тренери кои изгледаат класично покрај теренот во џемпер, одело, тој е нешто поурбан тип.
Според неофицијални извори му порачале дека „фудбалот не е шоу-бизнис“ и покрај тоа што се држи до правилата и носи облека од спонзорските брендови на клубот.
Очигледно е дека, и ако навистина има вистина во ова, и медиумите и клупските менаџери се обидуваат да најдат било каква мана кај Нагелсман за да се ослободат од него.