Доверливи документи кои ги прават солзите на Меси безвредни: Од Барса го барал невозможното

2819

Лионел Меси како слободен играч ја напушти Барселона и потпиша за ПСЖ. Аргентинецот со солзи го напушти „Камп Ноу“, тврдејќи дека се направил за да остане во тимот.

„Ел Мундо“ открива поинаква информација, ги објави сите документи и мејлови кои неговиот татко Хорхе и раководството на Барса ги разменувале. Објавија список на барања на Меси и неговото семејство.

„Мечевите нека им видат над главите“, се воведните зборови на Хорхе во мејлот испратен на адвокот преку кого барале тригодишен договор со неверојатни услови.

Од обичните работи, побарана е приватна ложа на „Камп Ноу“ за семејството Меси, како и за семејството на Луис Суарез, со кого е голем пријател и авион за целото семејство за патување во Аргентина за време на божиќните празници. .

Тој побарал и бонус од 10 милиони евра само за потпис и гаранција дека ќе му бидат исплатени сите пари што ги дава во корист на клубот во тешките денови со три отсто камата. Неговата плата како и досега требаше да изнесува 74,9 евра нето годишно.

Исто така, тој побара да му биде дозволено да го напушти клубот кога ќе посака и за симболична сума од 10.000 евра. Излезната клаузула од 700 милиони евра би била неважечка.

Преговорите за нов договор меѓу Меси и Барселона започнаа во 2020 година. Тие беа водени доста долго, изби познатата афера бурофакс кога тој побара да го напушти клубот една година пред истекот на договорот вреден нешто повеќе од 555 милиони евра потпишан во 2017 година.

Лионел Меси одигра 778 натпревари и постигна 672 гола во дресот на каталонскиот гигант, со што стана еден од најдобрите играчи на сите времиња во овој клуб.

Меси тогаш остана во клубот, но и една година подоцна клубот не можеше да му ги исполни желбите и тој реши да си замине и сега е член на ПСЖ.

ПретходноТен Хаг бара пари за зимски засилувања, газдите на Манчестер Ј. не сакаат да слушнат
СледноФедерацијата со краток коментар за Дончиќ и „компанија“, и нивното пијанчење!