ТФТ не успеа да приреди изненадување во четвртфиналната пресметка против Кемниц во рамките на четвртфиналето во Лигата на Шампионите на ФИБА. Актуелниот македонски освојувач на Купот на Македонија беше совладан од тимот чиј дел е Ѓорѓи Кочов со 77-96. Со ова ТФТ го завршува настапот на квалификацискиот турнир, чиј домаќин е.
Избраниците на Боро Смилковски не се посрамотија. Иако по првото полувреме имаа негатива од 28-46, сепак го измачија противникот во вториот дел. Македонскиот претставник имаше водство на стартот на мечот (4-0), по што гостите го наметнаа своето темпо. ТФТ во целата доминација, успеа да ја спушти големата негатива, па на момент го размрдаа редовите на германскиот клуб.
Андерсон со 27 поени и 6 скока беше прв стрелец кај ТФТ, Николов и Батрик запишаа по 11 поени.