Серхио Бускетс ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната. Тогаш ќе му истече актуелниот договор и тој воопшто нема да преговара за нов договор со клубот, тврди каталонски спорт.
“На крајот на сезоната капитенот на Барселона ќе ја прифати понудата на Интер од Мајами и ќе заигра во МЛС. На 34 години е подготвен за нова авантура преку барата. Постои можност тренерот Чави да ќе се обиде да го убеди својот пријател и капитен на тимот да остане уште една сезона, но ќе биде многу тешко да ја промени неговата одлука“, пишува Спорт.
Бускетс дебитираше за Барселона во 2008 година. Со каталонскиот клуб освои 30 трофеи, тој е трет најтрофеен фудбалер по Лионел Меси (35 трофеи) и Андрес Иниеста (32 трофеи). За Барселона до сега одигра 684 натпревари и постигна 18 гола со 43 асистенции.