ЛН: Шкотска убедлива против Украина на „Хемпден Парк“

154

Во заостанатиот меч од 4. коло во Лигата на нации во рамките на сегментот Б; селекцијата на Шкотска ја совлада Украина со 3:0 и го презеде врвот во групата „1“.

Шкотите успеаја да ја прокнижат третата победа во групата, откако вечерва на „Хемпден Парк“ успеаја да го скршат отпорот на противникот во последните 20-тина минути на мечот.

МекЏин во 70. минута погоди за 1:0, додека вториот гол беше дело на Дајкс во 80. минута на средбата. Истиот фудбалер само 6 минути подоцна погоди и за 3:0.

Standings provided by SofaScore

ПретходноЗа ТФТ заврши европскиот сон, Кочов и Кемниц победнички во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноРеал подготвен да му го продолжи договорот на Модриќ и до 2024 година