Навивачите во Доха ќе спијат во контејнери кои чинат 200 евра од ноќ, а личат на логор!

1719

Остануваат уште помалку од два месеци до почетокот на Светското првенство. Натпреварот меѓу Катар и Еквадор ќе го отвори Мундијалот на стадионот „Ал Бајт“ на 20 ноември, ден порано од планираното.

Иако турнирот е „зад аголот“, во Катар не е целосно подготвен. Британските медиуми ги посетија локациите на кои ќе пристигнат илјадници и илјадници фанови, а освен во хотелско сместување, многу фанови ќе бидат сместени и во контејнери.

Веќе многу се зборуваше за стадионот „974“ кој во основа се состои од 974 контејнери и кој по турнирот ќе се користи за други цели. Но, „Дејли мејл“ неодамна го посети Катар и од прва рака откри колку напорни се подготовките за пристигнувањето на голем број туристи и навивачи за Мундијалот.

Споменатиот весник изрази загриженост за роковите, но и за изгледот на контејнерскиот комплекс во кој ќе бидат сместени многу навивачи. Сместувањето во шатори чини 400 евра од ноќ, а во контејнери 200 евра. Сепак, ниту едното ниту другото не изгледа привлечно.

„Шаторското село се уште е во изградба, а се наоѓа во пустина, на крајот од слепа улица, 40 минути возење од центарот на Доха. Навивачите наводно ќе имаат базени, теретана, тениски терени и клима уред. Во комплексот не се продава алкохол, но плажата е многу блиску. Таму наводно ќе можете да купите алкохол. 

„Шаторската населба е луксуз во споредба со контејнерите кои изгледаат особено непривлечно. Сè наликува на некаков логор за воени затвореници со низа куќички со контејнери кои се протегаат на половина километар. Не е познато дали секоја куќа има сопствен тоалет или навивачите ќе го делат“, пишува „Дејли Меил“. 

Овие две населби сепак се финансиски најприфатливи. Хотелското сместување во Доха се распродаде многу брзо, а неколкуте соби што останаа чинат по неколку илјади евра. „Дејли мејл“ пишува дека голем број фанови решиле базата да им биде во Дубаи, кој е на 650 километри од Доха, ќе можат да патуваат со авион, по море или по автопат.

ФОТО: twitter/Ian Herbert

ПретходноФедерацијата со краток коментар за Дончиќ и „компанија“, и нивното пијанчење!
СледноЧеферин во шок по посетата на „Максимир“: Ова е срамно!