Голем скандал, поточно секс скандал го тресе Челзи, еден од најголемите клубови во светот. И сето заврши со отказ за маркетинг директорот Демијан Вилоби. Имено тој и праќал недолични, секси пораки до фудбалската агентка Каталина Ким.
Сето ова се случило пред тој да дојде во Челзи, на една од раководните функции. Но, како што се вели во сооштението од страна на Челзи, тоа не менува ништо, таквото однесување е спротивно од се она што Челзи како клуб се залагал, па затоа и му врачен отказ откако целата афера излезе на виделина.