Македонската фудбалска репрезентација веќе е во Тбилиси, каде в петок ја очекува претпоследниот натпревар во тековното издание на Лигата на нации. Нашата селекција денеска од Скопје отпатува за Грузија на клучниот меч во трката со Грузијците за првото место во групата.
Расположени и покрај сите проблеми од играчка природа, репрезетативците очекуваат финална глазура на утрешниот тренинг на кој ќе се кове стратегијата за петочната пресметка.
Мечот в петок се игра со почеток од 18 часот.