Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин дојде во Хрватска, присуствуваше на младинските спортски игри во Сплит, а посети и некои други градови и стадиони. Стигна на Хвар, а потоа „луташе“ по тамошните клубови, поточно најпознатиот стадион на Динамо Загреб, „Максимир“. Тој остана во шок кога виде колку лошо изгледа стадионот.
Тоа го кажа јавно, пред новинарите и пред првиот човек на Хрватската фудбалска федерација, Маријан Кустиќ. Тој сакаше сите да го слушнат тоа и да се обидат да почнат да инвестираат повеќе во инфраструктурата.
Динамо игра во Лигата на шампионите, е во група со Милан, Салцбург и Челзи, неодамна го совлада англискиот гигант, а Чеферин истакнува дека некои работи мора што поскоро да се поправат.
„Стадионот Максимир е срамен, особено кога е затворена една од трибините. Чудно е какви резултати имате со таков стадион. Ние од УЕФА на сите фудбалски сојузи им даваме пари за инфраструктура. На пример, во Словенија, 80 проценти од средствата за стадионите дојдоа од нас. Имаме средства, но владите, федерациите и локалните заедници мора да придонесат“, рече Чеферин.