Новак Ѓоковиќ пристигна во Лондон, подготвен е да игра на својот прв турнир по освојувањето на Вимблдон на истото место. Српскиот тенисер ќе биде дел од сепктаклот на „Лејвер Купот“ од 23 до 25 септември, рамо до рамо со Рафаел Надал, Енди Мареј и Роџер Федерер, кој неодамна најави дека токму на овој турнир ќе стави крај на својата богата кариера.
„Ова е последно натпреварување на Роџер во неговата кариера, што е особено возбудливо. Играњето со Федерер, Рафа и Енди, моите три најголеми ривали во тимот, е шанса која се случува еднаш во животот“, изјави Ѓоковиќ по слетувањето во Лондон.
По пристигнувањето во „О2 Арнеата“ се сретна со Федерер, средбата беше емотивна, најголемите ривали на „Лејвер Купот“ ќе бидат едно.
The best part of #LaverCup: Rivals become teammates 🤝 pic.twitter.com/vNDfPkRxea
— Laver Cup (@LaverCup) September 20, 2022