MЗТ загуби од ПАОК и го впиша првиот пораз на подготовките

166

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја пораз на гостувањето во Грција кај ПАОК со 53:97 во пријателски натпревар. Инаку домаќините беа шутерски расположени и уфрлија дури 16 тројки. Бојан Крстевски со девет поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје Аеродром, додека Еван Максвел, Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски постигнаа по осум поени.Претходно, сино-белите беа подобри од Арис, Здравље Лесковац, Борац Бања Лука и Младост Земун, а до почетокот на сезоната МЗТ ќе одигра уште еден пријателски меч против ПАОК и тоа в сабота во „Јане Сандански“.

ПретходноНотингем го претстави 23-тото засилување – доаѓа од Сараево
Следно„Алкалоид“ отвори нов шаховски дом (ФОТОГАЛЕРИЈА)