Англичаните нема да играат под рефлектори за да заштедат на сметките за електрична енергија?

245

Времето на започнување на некои натпревари во Англија може да биде предмет на промена поради поскапувањето на електричната енергија.

Според „Индипендент“, натпреварите во пониските англиски дивизии и ФА Купот по се изгледа ќе почнат да се одигруваат попладне поради повисоките цени на струјата.

63% од 40-те клубови анкетирани од Fair Game, во кои беа вклучени 12 екипи од англиската фудбалска лига (EFL), рекоа дека се подготвени да размислат за преместување на натпреварите во дневни часови за да ги намалат сметките за енергија.

Владата на Велика Британија ќе ги поддржи претприемачите кои ќе бидат повредени од поскапувањето на струјата, но се уште не е познато дали мерките за поддршка ќе се прошират и на фудбалските клубови.

ПретходноУ21: Младата репрезентација пристигна во Хрватска
СледноНов пораз за Митревски и Порто, Веспрем убедлив!