“Бомба“ во најава или вест за фудбалските кулоари? Имено како што пренесува “Калчомеркато“, новиот тренер на Челзи, Греам Потер го сакал по секоја цена Хари Кејн, капитенот на Тотенхен и репрезентацијата на Англија. Потер имал и план, во јуни тој во Тотенхем ќе го прател Ромелу Лукаку, а на “Стемфорд Бриџ“ би дошол Кејн, за тоа и морало нешто да се доплати.
Сепак овој „трејд“ колку е остварлив останува да се види, но факт е дека Лукаку во Интер е на позајмица, тој не е посакуван од страна на луѓето во Челзи, па затоа тие прават се што треба да се ослободат од него.
А се знае дека Лукаку најдобро играше во својата кариера токму кога тренер му беше Антонио Конте во Интер, инаку сега тренер на Тотенхем.