Капитенот на Украина: Русија е земја на терористи, треба да биде изолирана на сите начини!

119

Андреј Јармоленко, капитенот на селекцијата на Украина, во пресрет на вечерашната средба во Лигата на Нации против Шкотска, ја коментираше одлуката на УЕФА да се отстрани Русија од ждрепката за квалификациите за ЕВРО 2024.

Тој покрај другот истакна:

Моите мисли се едноставни. Русија, рускиот фудбал и рускиот спорт треба да бидат изолирани на сите начини. Тоа е земја на терористи, земја која убива Украинци, која убива деца.Ние не можеме да говориме само за спортот ако тоа се случува во мојата земја. Едноставно светот не смее да и дозволи на Русија да учествува на било какво натпреварување се додека таа земја убива деца и циволно населени“ заклучи Јармоленко.

Инаку самиот тој е роден во Санкт – Петербург.

ПретходноКанаваро стана тренер на тим од Серија Б
Следно“Лавовите“ ќе се “тестираат“ со второлигашот Вардар