Нашата најдобра фудбалска репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски, со чартер авион, попладнево отпатува од Скопје за Тбилиси. Во петок на „Динамо Арената“ во главниот град на Грузија, со почеток од 18 часот, и гостуваме на домашната селекција во меч од Лигата на Нации. Иако ослабени со отсуството на неколкумина стандардни репрезентативци, нашите момци знаат што ги чека и затоа посакуваат со победа да се вратат дома.
Тешко ќе биде, Грузија е силна селекција, но и Македонија во повеќе наврати досега покажа дека и тоа како има квалитет.