Денеска продолжуваат натпреварите од Лигата на шампиони, се игра дел од второто коло. Единствениот македонски претставник, Никола Митревски и неговиот Порто се домаќини на Веспрем. Португалскиот тим не ја почна сезоната, на гостувањето кај Висла беше поразен со 27-24 во меч од групата А. На другата страна пак унгарскиот состав пред своите фанови го доби дербито со ПСЖ.
Митревски и Порто се аутсајдери на оваа средба, до сега немаат триумф против Веспрем, последниот меч заврши реми, додека останатите ги доби противникот. Но, Лигата на шампиони секогаш носи изненадувања, а португалскиот тим ќе има поддршка од своите фанови.
Кога сме кај македонските претставници, денеска во центарот на теренот ќе биде нашата најдобра судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои ќе го судат скандинавското дерби во Норвешка меѓу Елверум и Алборг.
ДВОЈКИ 2. КОЛО
18:45 Целје – Кил
18:45 Елверум – Алборг
20:45 Порто – Веспрем
20:45 ПСЖ – Висла Плоцк